Шведскиот фудбалски интернационалец, Златан Ибрахимовиќ, со вчерашниот погодок против Удинезе во Серија „А“, успеа да го запише 300-от гол во најсилните 5 лиги во Европа.
Ветеранот со тој ефект им се придружи на Кристијано Роналдо кој има 483 голови и Лионел Меси кој има 475. Популарниот Ибра во Калчо има дадено 153 голови a во Франција додека играше за ПСЖ има 113.
Во Премиер во дресот на Манчестер Јунајтед постигна 17-ет додека еден помалку имаше во периодот кога настапуваше за Барселона во шпанскиот шампионат.

