Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ може да се опорави од својата повреда порано од очекуваното и да учествува на натпреварот против Рома на 28 јуни.
Ветеранот се очекува да помине нови тестови во текот на следните два дена за да покаже како напредува процесот на закрепнување, откако заработи сериозна повреда за време на тренинг на 25 мај.
Швеѓанецот сака да се врати во игра што е можно поскоро и според „Тутомеркато“ тој е подготвен да го стори тоа на 22 јуни, кога неговиот тим ќе се сретне со Лече. Сепак, медицинскиот тим на Милан најверојатно нема да го дозволи ова сценарио, бидејќи повредата на напаѓачот не е мала и ќе биде потребно подолго време за да се постигне целосно закрепнување. Поради оваа причина, враќањето на теренот за Ибрахимовиќ на 28 јуни против Рома е пореална опција.