Во натпреварот од 23-то коло од шампионатот на Италија, Интер го совлада Милан со 4: 2. Средбата се одигра синоќа во Милано на стадионот „Џузепе Меаца“ , а Интер славеше со пресврт во второто полувреме.
Шведскиот напаѓач во дресот на Милан, Златан Ибрахимовиќ постигна еден од двата гола за Милан на оваа средба, а со тоа стана највозрасниот играч кој успеа да постигне гол во дербито на Милано, објавија денес од Милан на „Твитер“.
38 – Zlatan #Ibrahimovic (38 years, 129 days) is the oldest ever goalscorer in a Milan derby in the Serie A history. Eternal.#InterMilan pic.twitter.com/1RGnhFwQKy
— OptaPaolo (@OptaPaolo) February 9, 2020
Златан успеа да се запише во листата на стрелци на возраст од 38 години и 129 дена, со што го надмина достигнувањето на уште еден шведски екс-фудбалер Милан, Нилс Линдхолм, кој стана автор на постигнат гол на 38 години и 43 дена.
Понатаму следуваат Филипо Инзаги кој постигнал гол на возраст од 34 години и 268 дена, па Валтер Самуел 34 години и 198 дена, за првата петорка да ја затвори уште еден Швеѓанец – Гунар Нордал , кој играше за Милан во периодот од 1949 до 1956 година и постигна гол на 34 години и 144 дена.