Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ, сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, но изборот на Швеѓанецот е намален на две дестинации, пренесува британскиот „Дејли мејл“. Според ова издание, Ибрахимовиќ пред себе има две опции – Милан или Манчестер Јунајтед.
На 1 јануари 38-годишниот Ибрахимовиќ станува слободен агент и ќе може да потпише со кој било тим, а Милан и Манчестер Јунајтед се клубовите за кои играше во богата кариера.
Ибрахимовиќ беше дел од тимот на „росонерите“ помеѓу 2010 и 2012 година, а за екипата на „црвените ѓаволи“ се натпреваруваше меѓу 2016 и 2018 година. Во моментов, Милан е со поголема веројатност да потпише Швеѓанецот.

