Шведска има сила да ја победи Англија и да го освои Светското првенство доколку тимот се справи со притисокот кој е вообичаен пред големите мечеви, изјави поранешниот капитен и најдобар стрелец на „викинзите“, Златан Ибрахимовиќ.
Тој разговараше со американските новинари во центарот за обука на ЛА Галакси и рече дека ќе биде тешко бидејќи влогот во сегашнава фаза е навистина премногу голем.
„Сега нема толку големо значење колку си добар. Од четврт-финалето натаму, има многу емоции и кој ќе ги совлада најдобро тој ќе има предност. Мислам дека Шведска може да го направи тоа и да победи” – рече 36-годишниот напаѓач.