Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ се повреду на денешниот тренинг на тимот, според новинарот Џaнлука Ди Марцио кој објави на неговата веб-страница.
38-годишниот Швеѓанец за време на натпреварот со соиграчите во самиот финиш на тренингот почувствувал болка во долниот дел на ногата и застанал. Поради ова предвреме го напуштил теренот.
И покрај фактот дека Златан ја напушти базата на Милан самостојно, тој може да биде надвор од тренинг процес одредено време. Постојат сомневања дека фудбалерот имал обновување на повредата добиена на почетокот на годината, поради што пропушти неколку недели, но ситуацијата е комплицирана поради фактот што Швеѓанецот веројатно ја оштетил и Ахиловата тетива.
Точната дијагноза ќе биде позната по резултатите од медицинскиот преглед, што ќе биде направен до крајот на денот.