Фудбалерите на Милан, Златан Ибрахимовиќ и Леонардо Дуарте се уште се болни од коронавирус, пренесува Скај Спорт Италија.
Според изворот, резултатите од повторените тестови на Ибрахимовиќ и Дуарте за коронавирус биле позитивни. Да потсетиме дека инфекцијата на Ковид-19 кај Ибрахимовиќ беше потврдена на 24 септември.
Во следното коло од италијанската Серија А Милан ќе игра со Интер. Овој натпревар треба да се игра на 17 октомври. Претходно беше објавено дека Интер има четири случаи на инфекција со коронавирус. Милан Шкрињар, Алесандро Бастони, Раџа Наинголан и Роберто Гаљардини беа позитивни на инфекција со коронавирус и се неизвесни за настап на оваа средба.

