Напаѓачот на ЛА Галакси, Златан Ибрахимовиќ, беше прогласен за најдобар играч во сезоната на МЛС лигата во САД.
Шведскиот фудбалер со балкански корени се приклучи на ЛА Галакси во 2018 година. Тој играше на 15 натпревари оваа сезона, постигнуа 13 гола, од кои четири беа од пенал.
Златан Ибрахимовиќ во кариерата играше за екипите на Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Милан, Барселона, Париз Сен Жермен и Манчестер Јунајтед. 37-годишниот фудбалер во својата богата кариера има освоено 31 трофеј, а за шведскиот национален тим играше од 2001 до 2016 година.