Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, може да се соочи со казна поради возењето на неговиот автомобил.
Пред да се врати во Италија, супер sвездата на „росонерите“ патуваше околу Стокхолм со својот Ферари Монца СП2 во вредност од 1,6 милиони фунти (1,8 милиони евра), што Швеѓанецот го купи во октомври минатата година и го претстави за својот 38-ти роденден.
Според весникот „Сан“, шведската транспортна агенција открила дека регистрацијата на автомобилот на Златан Ибрахимовиќ е невалидна од крајот на март. Сега играчот се соочува со парична казна.