Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, се очекува да биде целосно подготвен за натпреварите со Лацио и Јувентус во Серија А.
38-годишниот Швеѓанец се здобил со повреда на мускулот за време на тренингот и во моментов е надвор од тренажен процес. Според весникот „Кориере дела Сера“, Ибрахимовиќ ќе биде целосно опоравен за натпреварот со Лацио на 4 јули и со Јувентус три дена подоцна. Сепак, тој сигурно ги пропушта првите четири натпревари по продолжувањето на сезоната, вклучително и реваншот со Јувентус во полуфиналето на Купот на Италија.
За време на закрепнувањето, Златан ќе престојува во Италија и повеќе нема да се враќа во својата татковина, како што направи пред неколку дена. За 10 дена ветеранот ќе направи нови тестови за да видат како се одвива неговото закрепнување.