Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ нема да го обнови договорот со клубот и најверојатно ќе се пресели во Хамарби, Шведска, тврди „Скај Спорт Италија“.
Како што е познато, 38-годишниот голгетер има договор со „росонерите“ до крајот на сезоната, откако се врати на „Сан Сиро“ минатата зима. Во овој период тој има 4 гола и 1 асистенција на 11 натпревари. Ибрахимовиќ тренираше со Хамарби за време на паузата во Серија А поради пандемијата на коронавирусот, а исто така поседува 25% од акциите на клубот.
Ибрајхимовиќ нема настап за Милан по рестартирањето на сезоната поради повредата која ја заработи на тренинг пред почетокот на продолжението на сезоната, а се очекува во текот на наредните недели да се врати во составот на тимот.
Играчот од средниот ред Џакомо Бонавентура, исто така, се очекува да замине како слободен агент ова лето.