Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе ги пропушти преостанатите натпревари до крајот на сезоната поради повреда на коленото, пренесува „Газета Дело Спорт“.
Шведската мегатвезда заработи повреда на натпреварот против Јувентус во 35. коло, кога неговата екипа победи со 3:0. Очекувањата дека ќе се опорави очигледно не се остварија. Така, Милан нема да смета на ветеранот во натпреварите со Торино, Каљари и решавачката пресметка со Аталанта.
Ибрахимовиќ оваа сезона играше на 19 натпревари во Серија А, постигна 15 гола и даде две асистенции. Милан е во битка за пласман во топ 4, што ќе го однесе во групите од Лигата на шампионите.

