Напаѓачот на ЛА Галакси Златан Ибрахимовиќ веќе е започнал преговори со Милан, соопштува „Кориере дела Сера“.
„Росонерите” му нудат на Ибрахимовиќ договор за шест месеци, од јануари 2019 година, но напаѓачот сака да потпише договор за година и половина. Тоа го одложува реализирањето на договорот, но Ибрахимовиќ е цврсто решен да се врати во Европа, откако авантурата во МЛС се покажа неуспешна до овој момент, а Галакси не успеа да се пласира во плеј-офот.
Платата на Ибрахимовиќ е 1,5 милиони евра годишно во САД, но со различни спонзорските договори достигна 4,5 милиони евра, а медиумите во Италија тврдат дека на таква вредност ќе биде износот што ќе го добива и во Милан.