Шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ постави уште еден рекорд во кариерата. Тој стана играч со најмногу голови во една сезона со тимот на Лос Анџелес Галакси. Капитенот на тимот од ЛА постигна хет-трик за спектакуларната победа од 7:2 над Спортинг Канзас Сити во натпреварот од 30-то коло на МЛС лигата.
Така, 37-годишниот Ибрахимовиќ веќе постигна 26 гола во оваа сезона, а досегашниот рекорд за играч на ЛА Галакси беше 24 гола – на Карлос Руис во 2002 година. Напаѓачот постигна 26 голови на 25 одиграни натпревари оваа сезона, заостанува само два гола од лидерот на голгетерската листа Карлос Вела.
Мексиканскиот фудбалер кој игра за другиот клуб од Лос Анџелес има 28 постигнати гола. ЛА Галакси го задржа петтото место во Западната конференција со 45 поени, откако ја прекинаа серијата од пет натпфевари без победа.