Шведскиот напаѓач од екипата на Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој продолжува да се опоравува од повредата на вкрстените лигаменти на коленото, би можел да се пензионира на крајот од сезоната, објави авторитетното издание „Газета дело Спорт“.
Ибра беше опериран во мај минатата година, по што мина низ процес на рехабилитација. Речиси е невозможно негово учество во 1/8-финалето од Лигата на шампионите против Тотенхем. Голема е веројатноста 41-годишниот Швеѓанец по тековната сезона да ја заврши фудбалската кариера и да добие менаџерска позиција во Милан, со оглед на добрите односи со газдите на клубот.