Дисциплинската комисија на УЕФА го суспендира Агим Ибраими на 15 месеци или до 31 декември во 2020 година поради инцидентот на мечот со Дуделанж одигран во 2-то квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Фудбалерот на Шкендија на мечот во Луксембург прво вербално а потоа и физички го нападна главниот судијата по што заработи црвен картон. УЕФА немаше милост за играчот на тетовци и му изрече голема казна со која ќе го одалечи од стадионите на подолг период.
Според правилата, Ибраими и неговиот клуб имаат рок од три дена да поднесат жалба на одлуката на „дисциплинците“ на УЕФА.