Француските органи на прогонот го идентификуваа возачот кој уби тинејџер за време на нередите предизвикани од навивачите, пренесуваат медиумите во Франција.
Се забележува дека мажот, чиј идентитет е веќе утврден, се уште не е пронајден и уапсен. Да потсетиме, други навивачи се приближиле до автомобилот во кој беа француските навивачи и почнале да го кинат знамето на Франција кое било истакнато низ прозорецот на автомобилот.
Возачот наеднаш ја зголемил брзината за да излезе од толпата и удрил во 14-годишното момче. Тинејџерот починал во болница од здобиените повреди.