Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Иднината на Антонио Конте во Тотенхем е неизвесна
    Фудбал

    Иднината на Антонио Конте во Тотенхем е неизвесна

    risteBy riste21/03/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тотенхем размислува дали да се раздели со Антонио Конте за време на паузата, кога репрезентациите викендов ќе ги одиграат првите натпревари од квалификацискиот циклус за ЕП 2024.

    Конте разговарал со сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви, а во текот на разговорот менаџерот на Тотенхем рекол дека неговите критики не биле насочени кон клубот или кон сопствениците. Леви засега не брза да донесе одлука, бидејќи прво сака да ги разгледа сите опции, пишуваат британските медиуми.

    Доколку е во прашање отказот на Конте, тогаш Рајан Мејсон најверојатно ќе биде ставен на испразнетото место до крајот на сезоната.

    По ремито на Саутемптон, во кое Тотенхем прокоцка водство од 3:1, Конте го исфрли својот гнев и се нафрли на своите играчи:

    „Мислам дека подобро е да влеземе во проблемот, ние не сме тим. Ние сме 11 поединечни играчи кои излегуваат на терен секој за себе.Гледам себични играчи, играчи кои не сакаат да си помагаат и не го вложуваат срцето во играта.Сезонава во споредба со минатата сега сме полоши во тој поглед. Кога не сте тим, не можете да се подобрите. Тие не сакаат да играат под притисок“, рече Конте.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Осимен не размислува за трансфер

    06/06/2023

    Голгетерот сака да оди на „Сантијаго Бернабе“

    06/06/2023

    Касемиро се осврна на деби сезоната во Англија

    06/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Осимен не размислува за трансфер
    • Голгетерот сака да оди на „Сантијаго Бернабе“
    • Касемиро се осврна на деби сезоната во Англија
    • Марко: Хорнер сакаше да оди во Скудерија
    • Баварците нема да се разделат со Дејвис
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.