Македонскиот автомобилски шампион на меѓународните трки, Игор Стефановски Иџе, влегува во сезоната на ТЦР натпреварувањето на Источна Европа. Тој во текот на викендот ќе вози на автодромот Гробник во Хрватска. Утре се квалификациите а двете предвидени трки ќе бидат реализирани в недела. По паузата поради корона- вирусот, ТЦР натпреварувањето – Источна Европа го активира календарот.
„Со силна возбуда можам да споделам дека се враќам на тркачките патеки. Во моментов заедно со мојот тим сме во Хрватска, тука не очекува тркатата на автодромот – Гробник. Ќе се натпреварувам со фантастични возачи, вкупно 17“ – вели Иџе.
„Убеден сум дека ќе биде посебно. Јас и мојата екипа сме подготвени и најавувам дека викендов ќе дадеме се’ од себе, за да ја направиме нашата земја и моите поддржувачи горди“- вели Стефановски.