Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, денеска на посебна свеченост по повод освоената трета титула во Европскиот шампионат во ридско-планински трки, го претстави новото возило за наредната сезона.

Станува збор за автомобил од марката – „Ферари“ со кој ќе се обиде повторно да ја радува македонската спортска јавност во наредниот шампионат.




