Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Иџе почнува со настап на Европскиот шампионат на ридски патеки
    Домашен микс

    Иџе почнува со настап на Европскиот шампионат на ридски патеки

    sasoBy saso13/04/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Нашиот Игор Стефановски-Иџе го почнува својот нов предизвик за оваа година. Тој ќе се трка во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), кој оваа година има 10 трки.

    Првата трка ќе се вози претстојниов викенд во Франција. Оваа трка традиционално е првата страница на Европскиот шампионат. Пријавени се 190 натпреварувачи од кои Иџе е единствениот Македонец. Бројката на пријавени натпреварувачи, укажува дека конкуренцијата оваа година ќе биде пожестока.

    „Време е за првата трка оваа година“, вели автомобилскиот ас Стефановски. Тој споделува дека ќе вози со возилото од минатата година Хјундаи i30N TCR, кое дополнително се подготвуваше во текот на зимската пауза за овој шампионат.

    „Би сакал да се заблагодарам на сите кои во мојот тим го препознаа потенцијалот и не поддржаа за натпреварувањата за оваа сезона. Посебно би сакал да се заблагодарам на сите мои спонзори кои веруваа и во иднина ќе веруваат во нашиот потенцијал “, порачува автомобилскиот ас.

    Тој и овојпат не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат.

    „Викендов очекувам добра трка“, додава Стефановски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Младост 96 е нов шампион на Македонија во пинг-понг

    05/06/2023

    Георгиевски поразен во меч од 2. коло на СП во Баку

    04/06/2023

    „Спартанците“ ја добија жестоката битка со Хрватите

    03/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • „Милионерите“ го сакаат потписот на Гундоган
    • „Сините“ купија голем талент од Парагвај
    • Абрахам има тешка повреда
    • Албанецот си замина од Рим
    • Атанасов најмлад тренер кој ја освоил титулата, Дамјан славеше по осмипат
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.