Најуспешниот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, по укинувањето на тркачката серија ЕТСС во која што се натпреваруваше минатите две сезони, денес објави дека тргнува во нов поход, овој пат преку TCR европската серија.
Стафановски за таа цел доби и нов автомобил „ Hyundai i30 TCR“. На денешната прес-конференција, Иџе зборуваше за очекувањата и новиот предизвик.
„Оваа сезона ќе се натпреваруваме на најсилното натпреварување во Европа. TCR шампионатот. Со новиот автомобил кој ги има перформансите за пехар, ќе дадам се од себе со мојот тим уште неколку пати да го развиеме македонското знаме на патеките. Ова ќе биде исклучително силен шампионат со натпреврувачи кои со години се дел од елитните натпреварувања. Ние тргнуваме во борба на бодови, но зошто да не се обидеме да дојдеме и до некое од првите три места“, вели Стефановски.