Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе имаше добар настап на трката во Монца во рамки на ТЦР-шампионатот и малку недостасуваше да обезбеди место и на подиумот. Тој накрајот дојде до четвртото место.
Стефановски имаше лоши квалификации и мораше да тргна од последното место, но како што трката одминуваше, така Иџе беше се подобар. На крајот, Македонецот успеа да дојде до четвртата позиција, а многу малку фалеше да се искачи и на подиумот. Победник на трката во Монца е Пелегрини од Италија, пред Бетера и Скалвини, исто така од Италија.
Откако изминатите сезони успешно се натпреваруваше во ЕТСС серијата, но по промените кои беа направени на светско ниво во WTCC, Игор Стефановски од минатата сезона е дел од ТЦР-шампионатот и се натпреварува со нов автомобил, „Хјундаи И-30“.