Манчестер Јунајтед најверојатно ќе остане без Одион Игало откако кинескиот состав, Шангај Шенхуа, инсистира фудбалерот да се врати по 31 мај кога ќе му истече договор за позајмица.
Искусниот нигериски фудбалер пристигна во јануари на Олд Трафорд откако Рашфорд се повреди, но, поради пандемијата со корона-вирусот и прекинот на сезоната, успеа да одигра само осум натпревари на кои даде четири голови.
Манчестер Јунајтед преговараше за продолжување на неговата позајмица до крајот на сезоната, но. Кинезите не попуштаат и сакаат тој да се врати кај нив веднаш по 31 мај.

