Андреј Рубљев не е виновен. Токму така може да се сумираат изјавите на тенисерите по дисквалификацијата на Русинот на крајот од неговиот полуфинален меч со Александар Баблик од Казахстан на турнирот во Дубаи.
Се разбира, никој не го оправдува емоционалниот излив на Рубљов, но во исто време, неговите колеги ја проценуваат казната премногу сурова.
Скандалот се случи кога линискиот судија не го забележал аутот по што Рубљов притрча до него и му се обрати со груб тон. Веднаш потоа судијата го исклучи поради упатени вулгарности.