Фудбалскиот шампион на Шпанија, Барселона, одлучи да им даде одмор на играчите откако матичната федерација донесе одлука да го прекине времено шампионатот поради пандемијата на корона-вирусот.
Претседателот на каталонскиот состав, Хозеп Мариа Бартоме, во текот на денов имал состанок со играчите и стручниот штаб за да им ја соопшти последната одлука до донесување на нова.
Тој нагласил пред сите присутни дека приоритет е здравјето на фудбалерите и на нивните семејства.

