Големината на одредени спортисти се гледа сега кога се наоѓаат сите во тешка состојба.
Таков е случајот и со фудбалерите на Боруисја Дортмунд кои синоќа се сретнале со раководството на клубот и одлучиле да се откажат од 20% од нивните плати за време на суспензијата на Бундеслигата поради пандемијата на коронавирус, пренесува „Билд“. Со оваа одлука, играчите на Борусија Дортмунд директно ќе помогнат да се одржи работата на 850 вработени во клубот.
После 25 одиграни натпревари, Борусија го завзема второто место во германскиот шампионат со 51 бод и се на четири бода зад водечкиот Баерн Минхен.