Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се поделени во мислењата околу новиот тренер кој треба да го наследи Ралф Гангник на крајот на сезоната.
Откако дојде информација дека Тен Хаг ќе седне на кормилото на англискиот состав, дел од играчите покажале скептицизам дека Холанѓанецот е најдоброто решение.
Тие се на ставот дека Маурисио Почетино треба да биде новиот тренер откако се појави шпекулација дека Аргентинецот може да добие понуда да се пресели на „Олд Трафорд“.