УЕФА денеска ги објави номинираните фудбалери по позиции за претходната сезона во Лигата на шампионите. Најдобрите ќе бидат прогласени на 25 август во Монте Карло кога воедно ќе се дознае и наследникот на Лука Модриќ кој го доби признанието МВП за сезоната 2017/18.
Еве кој се учествува во рангирањето, голмани: Алисон Бекер (Ливерпул), Марк Андре Тер Штеген (Барса), Уго Лорис (Тотенхем). Најдобар играч во одбраната: Вирхил Ван Дајк и Александер Арнолд (Ливерпул), Матајс Де Лихт (Ајакс). Најдобар играч од средниот ред: Џордан Хендерсон (Ливерпул), Кристијан Ериксен (Тотенхем), Френки Де Јонг (Ајакс). Во конкуренција кај напаѓачите се номинирани Лео Меси (Барса) Кристијано Роналдо (Јуве) и Садио Мане (Ливерпул).
Списокот беше составен од страна на тренерите и новинарите од групацијата Европски спортски медиуми (ЕСМ)