Од раководството на ПСЖ не можат да се договорат со играчите за намалување на платите, пренесува „Мундо Депортиво“ повикувајќи се на информацијата која ја објави францускиот весник „Л’Екип“.
Според изворот, клубот сè уште не може да направи компромис за ова прашање со играчите чии интереси ги застапуваат Тиаго Силва и Маркињос .
Во моментот преговорите се во застој затоа што играчите одбиле да им ги намалат платите. Во ПСЖ направија проценка дека може да загубат околу 240 милиони евра како резултат на кризата.

