Дефанзивецот на Хамбургер, Тони Лајстнер, кој минатата недела удри навивач на стадионот на крајот од Куп натпреварот против Динамо (Дрезден), беше казнет со дисквалификација за 5 натпревари и парична казна од 8.000 евра, објави денес Германскиот фудбалски сојуз (ГФС).
Лајстнер, роден во Дрезден, се искачи по скалите до трибините преку оградата, каде се соочи со гледач што скандираше нешто за време на натпреварот. По размената на зборови, Лајстнер го турнал човекот на земја пред да се сврти и да се врати назад по скалите. Малку подоцна, играчот рече дека овој човек многу пати го навредувал.
„Освен што е напад врз гледач, неговото однесување е јасен случај на неспортско однесување, бидејќи играчот го напушта теренот. Тој исто така влегува во област на стадионот, која е означена како ограничена со здравствена конвенција, а исто така влегува во ограничена зона за гледачите“, се вели во соопштението на дисциплинската комисија.
Играчот ќе мора да пропушти три натпревари сега во втората лига, додека другите два се условни во рок од една година.

