Џек Грелиш ќе биде строго казнет од фудбалскиот клуб Астон Вила откако капитенот ги прекршил препораките да биде во изолација во домашни услови за време на пандемија на корона-вирусот, објави екипата од Бирмингем. Тој бил снимен во неделата на јавно место.
„Прифатив. Не сакам луѓето да ги повторуваат моите грешки и ги охрабрувам сите да останат дома. Следете ги правилата и упатствата!“ – напиша фудбалерот на социјалните мрежи.
„Ќе се изолирам во наредните недели и се надевам дека сите ќе го сторат тоа. Се надевам дека ќе го прифатите моето извинување за да можеме да го заборавиме инцидентот што побрзо“ – стои во објавата на Грелиш.