Фудбалерот на Барселона, Кутињо, ќе се врати во неговата татковина и ќе продолжи да ја лекува повредата на коленото што ја доби на 29 декември на мечот со Еибар во шпанскиот шампионат.
Бразилецот кој годинава имаше операција на коленото на 2 јануари требаше да се врати на теренот кон средината на март, но, ситуацијата се искомпликувала.
Некогашниот репрезентативец на „кароките“ неодамна беше на дополнителни прегледи во Катар по што доби дозвола од лекарскиот тим на Каталонците да продолжи со процесот на рехабилитација.