Напаѓачот на Ливерпул, Диого Јота, се уште не се чувствува добро и многу веројатно ќе биде ослободен од таборот на португалската фудбалска репрезентација.
„Диого направи одделен тренинг. Најверојатно нема да игра утре против Луксембург, нема да ризикуваме. Мала е веројатноста да се појави на теренот. Доколку не може да учествува во светските квалификации, веднаш ќе се врати во Ливерпул “ – вели Сантос.
Јота има дадено три гола на девет натпревари во тековнава сезона. Неговиот тим наредниот меч во Премиер-лигата ќе го одигра в сабота против Ватфорд.