Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стирлинг, ги поддржа протестите по смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис.
„Најголемиот вирус во моментов е расизмот. Исто како пандемијата, ние сакаме да најдеме начин да се бориме против тоа. Затоа протестираме. Луѓето се обидуваат да најдат начин да ја запрат неправдата и сите се борат за таа кауза на посебен начин. Работите треба да се случуваат на безбеден и мирен начин, протестите мора да продолжат “ – изјави тој за Би-Би-Си.
„Во моментов воопшто не размислувам за мојата професија. Размислувам што е правилно. Стигнавме до точка кога чашата се прелева. Расизмот постои стотици години и сега е многу јасно дека луѓето се подготвени за промени и тоа мора да се случи насекаде“ – вели Стирлинг.