Фудбалерот на Ливерпул, Александар-Арнолд, пред мечот со Тотенхем за врвот на Европа, вели дека топлото време во Шпанија може да биде голем проблем за два тима во утрешното финале во Лигата на шампионите.
„Ние се подготвивме за спарното време. Мислам дека секој голем тим треба да се адаптира на условите на теренот, затоа не се плашам. Знам дека ќе бидеме подготвени. Од моја гледна точка двата тима имаат еднакви шанси за победа. Ќе има голема тактичка битка„ – вели Александар-Арнолд.
„Би било глупаво да се заборави што се случи пред една година. Научивме некои работи од поразот во Киев. Знаеме како нѐ победи Реал. Сега сме зрели како тим. Покажавме дека можеме да победуваме големи екипи” – изјави Александар-Арнолд