Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, не е загрижен за голгетерската форма на првиот напаѓач, Мохамед Салах, иако интернационалецот од Египет има постигнато само три гола на седум одиграни средби а на повеќето мечеви предвреме беше повлечен од игра.
„Се разбира дека не е среќен. Како е можно да биде? Не е среќен, но, тоа е нормална работа. Затоа постојат тренерите. Не сум загрижен за неговата форма, тоа момче работи напорно и сигурен сум дека ќе успее во намерите“ – вели Клоп.
Тимот од „Енфилд“ кој во првото коло во Лигата на шампионите славеше на домашен терен против ПСЖ, по два дена го очекува гостување во Италија на стадионот на Наполи.