Напаѓачот на Јуве, Гонзало Игуаин најверојатно летово си заминува од Торино и ќе се пресели во Лондон. Неколку англиски и италијански медиуми веќе објавија дека нова дестинација на Аргентинецот ќе биде Челзи.
Лондонскиот клуб ќе мора да плати 60 милиони евра за аргентинскиот голгетер. Трансферот на Игуаин ќе се одржи само доколку Кристијано Роналдо се пресели од Реал Мадрид во Јувентус за сума од 100 милиони евра.
Гонзало Игуаин исто така одигра две сезони за Реал и во 105 натпревари постигна 55 гола.