Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин го коментираше драматичниот триумф на неговиот тим со 4:3 над Наполи во дербито од второто коло во Серија А. Искусниот голгетер кој постигна еден гол на оваа средба објасни како станал главен играч за италијанскиот шампион за само неколку недели.
„Тие постигнаа два брзи гола, кои не требаше да ги дозволиме. Ние изгубивме контрола над играта. Тие го изедначија резултатот, но сепак победивме. Ова е многу важен успех. Имаме уште многу за да ја подобриме играта на целиот тим”, започна напаѓачот на Јувентус.
„Дојдов тука со мотивација да останам. Го сакам овој дрес, овој клуб и овие навивачи. Од првата секунда кога пристигнав, во мојата глава имав само една идеја, а тоа е да останам во клубот”, заврши Игуаин.