Фудбалерот на Челзи, Гонзало Игуаин, откако дебитираше со два гола на натпреварот со Хадерсвил одигран во Премиер лигата, изјави дека е задоволен бидејќи со победа ја започна авантурата во Англија.
„Среќен сум за двата гола. Сари знае како да го извлече најдоброто од мене. Тука започнува мојата голгетерска серија, јас и Сари и во минатото соработувавме фантастично“ – вели Аргентинецот.
Напаѓачот на „сините“ откако не ја доби посакуваната минутажа во дресот на италијанскиот Милан, се определи да се пресели во редовите на „сините“ од Лондон.