Поранешниот аргентински репрезентативец Гонзало Игуаин има намера да се врати во италијанскиот гигант Јувентус, објави „Тутоспорт“.
Минатото лето, Игуаин беше позајмен во Милан, но во јануари тој отиде во Челзи. На „Сан Сиро“ и „Стемфорд Бриџ“, напаѓачот не успеа да го покаже својот потенцијал и неговата иднина беше нејасна. Според медиумот од Торино, Игуаин сака повторно да го облече црно-белиот дрес и да игра заедно со Кристијано Роналдо.
Двајцата беа соиграчи во Реал Мадрид и доста добро се познаваат. Не е јасно дали Јуве ќе сака да го врати напаѓачот. Причината е неговата висока плата, а тоа беше еден од главните фактори за неговиот трансфер кога Роналдо играше на „Бернабеу“. Во Англија, Игуаин одигра 18 натпревари и постигна 5 гола за екипата на Челзи.