Тренерот на фудбалерите на Челзи, Маурицио Сари, конечно ќе добие одличен играч во форот откако Гонзало Игуаин ја прифатил понудата на „сините“ да настапи како позајмен до крајот на сезоната.
Во неговиот договор постои и опција за продолжување на соработката за уште една година. Аргентинецо кој е на платниот список на Јувентус а досега беше на позајмица во тимот на Милан, ќе биде одлично засилување за екипата на Челзи која има очигледни проблеми во фазата на нападот.
Ќе потсетиме дека Сари и Игуаин одлично се познаваат бидејќи извесен период работеа заедно во составот на Наполи. Тогаш Игуаин играше одлично и на 35 средби постигна 36 голови.