Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин го помина медицинските прегледи пред неговиот трансфер од Јувентус во Милано. „Новиот предизвик започнува”, рече Игуаин, пред медиумите.
30-годишниот Игуаин ќе игра во Милан со позајмица за 18 милиони евра, а неговата откупна клаузула е за задолжително откупување наредната година и со вредност од 36 милиони евра. Трансферот мораше да се реализира откако Јувентус го донесе Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.
Уште синоќа десетици навивачите на „росонерите” го пречекаа Игуаин, а денес повеќе навивачи го чекаа фудбалерот пред клиниката каде ги имаше прегледите.
Во последните пет години, Игуаин има одиграно 177 натпревари во Италија во дресот на Наполи и Јувентус, а притоа постигнато 111 гола за двата тима.