Екипата на Севилја се пофали дека успеала да го обезбедила потписот на поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Келечи Ихеначо.
Црномурестиот играч последните седум сезони ги одигра во дресот на англискиот, Лестер. За „лисиците“ има дадено 61 гол и направено 34 асистенции.
27-годишниот интернационалец од Нигерија за неговата земја има 55 натпревари и постигнато 15-ет голови. Се претпоставува дека трансферот не е поголем од 15 милиони евра.

