Мауро Икарди повторно нема да се најде во составот на Интер, откако одбил да се приклучи на тимот пред најважно гостување на „нероазурите” кај Ајнтрахт (Франкфурт).
Аргентинецот му рекол на Лучијано Спалети дека сѐ уште чувствува болка во колената и не сака да го ризикува своето здравје. Последниот натпревар на Икарди во дресот на Интер беше на 9 февруари, а четири дена подоцна клубот му ја одзеде капитенската лента на Аргентинецот.
Битката меѓу Интер, Мауро Икарди и Ванда Нара продолжува со полн интензитет. Тешко би можело да се предвиди што ќе се случи до крајот на сезоната, но барем засега изгледа дека Икарди нема желба да го облече „црно-синиот” дес на Интер.
Бројките, исто така, не зборуваат во корист на Икарди. Минатата сезона, напаѓачот стана најдобар стрелец на Серија „А“, постигнувајќи 29 гола. Оваа сезона не е толку добра за Мауро Икарди. Аргентинецот постигна само девет гола, последен пат Икарди постигна гол против Удинезе на 15-ти декември 2018 година.