Иако со денови се зборува дека постои пречка за постигнување на нов договор, по се изгледа Интер и Мауро Икарди се договориле за продолжување на соработката.
Според весникот „Газета дело Спорт“ двете страни се договориле да потпишат нов договор со траење до 2023 година. Платата на капитенот на “нероазурите” ќе скокне на 6 милиони евра, а клаузулата за предвремен раскин на договорот од 110 милиони евра ќе биде укината.
Засега се уште не се дефинирани бонусите на Икарди. Откако и тоа ќе се комплетира, двете страни ќе стават параф на новата соработка.