Уште еднаш, Ванда Нара изјави дека нејзиниот сопруг, Мауро Икарди сака да остане во Интер. Нара, која исто така е агент на напаѓачот, ги коментираше шпекулациите дека со доаѓањето на Антонио Конте во клубот. Икарди ќе биде првиот играч што ќе се продава.
„Мауро има договор за уште две години. Неговата желба е да остане во Интер најмалку уште една сезона”, рече Нара во интервју за аргентинските медиуми.
Икарди имаше разочарувачка сезона во која успеа сериозно да го наруши односот со навивачите на оваа екипа. Откако му беше одземена капитенската лента од страна на раководството на клубот, Икарди одби да игра со образложение дека е повреден и сето тоа траеше скоро еден месец.
Сега останува да видиме дали Икарди ќе остане во плановите на новиот тренер Антонио Конте или навистина тој ќе се определи да го продава.