Ванда Нара која му е сопруга и воедно агент задолжен за трансфери на напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди, најави дека искусниот фудбалер набрзо ќе ја промени средината.
Икарди кој на „Паркот на принцовите“ настапува како позајмен играч од Интер, пред да биде прекината сезоната поради пандемијата на корона-вирусо, успеа да постигне 20 голови на 31 меч во сите конкуренции.
Денеска „Газета Дело Спорт“ изнесе информација дека голгетерот со помош на неговата сопруга и агент, Ванда Нара, го информирал францускиот состав дека нема намера да остане во клубот.

