Напаѓачот на Интер Мауро Икарди нема да биде во составот на фудбалскиот тим на Аргентина за Копа Америка, велат медиумите во оваа земја.
Икарди, кој постигна 17 гола за италијанскиот тим Интер оваа сезона, беше вклучен во поширокиот состав, но селекторот на Аргентина Лионел Скалони одлучи да не се потпира на него за Јужноамериканското првенство во Бразил кое ќе се одржи од 14-ти јуни до 7-ми јули.
Аргентина е во група зедно со селкциите на Колумбија, Парагвај и Катар.
