Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, ги одби понудите од Наполи, Рома и Монако, бидејќи Аргентинецот има намера да се пресели во Јувентус, пренесува весникот „Газета дело Спорт“.
Мауро Икарди веќе се согласи на 5-годишен договор со клубот од Торино со плата од 8 милиони евра годишно плус бонуси. Трансферот на Мауро Икарди во Јувентус може да се случи откако Јувентус ќе добие средства од продажба на напаѓачите Паоло Дибала и Марио Манџукиќ.
26-годишниот Аргентинец играше во текот на својата кариера во Сампдорија и Интер. Од 2013 година, Икарди е член на националниот тим на Аргентина. Тој беше најдобар стрелец во Италија во сезоната 2014/2015 година. Во сезоната 2017/2018 година го доби признанието за фудбалер на годината во Италија. Сепак во последната сезона немаше многу настапи во дресот на Интер откако имаше несогласувања со раководството на екипата и го загуби местото во составот на тимот, па затоа сега е на трансфер листата на Интер.